Градоначалникот на Брвеница премина од ДУИ во ДПА
25.02.2014 15:07
Градоначалникот на општина Брвеница од редовите на ДУИ Енвер Пајазити денеска преминал во ДПА, дознава порталот Shqipmedia.com.

Како што пишува порталот, повикувајќи се на потврди од двете страни, разочаран од политичкото дејствување на ДУИ, градоначалникот Пајазити решил да премине во ДПА. Со тоа, ДПА добива влијание во уште една општина, покрај Струга и во Студеничани. Енвер Пајазити за градоначалник на Брвеница е избран на локалните избори во 2013 година.
