Одложен 12-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Македонија
Дванаесетиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Македонија закажан за 26 и 27 февруари во Стразбур е одложен, јавува дописникот на МРТВ од Стразбур.

Одложувањето на состанокот беше потврдено од секретаријатот на Делегацијата на Европскиот парламент за Република Македонија, засега не се кажуваат причините за неговото одложување.
На дневниот ред на состанокот беше ставена размената на мислењата со постојаниот пртставник на Република Македонија при Европската Унија, по што требаше да се води расправа за меѓуетничкиот дијалог, законските реформи, јавната администрација, борбата проти корупцијата и слободата на изразување и медиумите.
Во вториот работен ден на дневниот ред беа запишани економските и финансиските прашња, регионалната соработка, заштитата на природната средина и климатските промени.
Ова беше последна можност за состанок во овај состав на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, бидејќи следниот најверојатно ќе се одржи идната есен, односно по европските парламентарни избори и изборот на новите тела на ЕП.
Тони Гламчевски
