Фатен дрвокрадец се заканувал дека ќе се самозапали

25.02.2014 15:53

Ферди Исмаилов од село Висока маала, цели два часа се закануваше дека ќе се

Тензии и драма пред складиштето на шумското претпријатие „Беласица“ во Струмица. замозапали откако утрово бил фатен од шумската полиција како пренесува крадени дрва кои имал намера да ги продаде во градот. Полицијата му го одзело возилото заедно со дрвајта, па револтираниот Исмаилов ја зел тубата со бензин се полил и со запалка во рака со закани дека ќе се запали.

-„Ке се запалам, ќе се запалам тргнете се“, изјави Исламилов.

Полицијата, пожарната и Итната помош излегоа на место. На секој обид да му се приближат, Исмаилов се поливаше и се закануваше. Тука беа и членови од семејството на Исмаилов.

-Го фатиле со еден кубик дрва, и тука дошле. Му рекле дека ќе му го дадат комбето, сега викаат не му даваат. И детето сака да се замозапали. Тој има две деца, вели чичкото на Ферди Исмаилов.

Исмаилов потоа влезе во возило и се упати во непознат правец. Од шумското претпријатие “Беласица“ велат дека во 2013 година за скоро 50 проценти е намален бројот на дрвокрадци. Останале само екстремни случаи.

Една од мерките која довела до намалување на дрвокрадството е навремената достава на дрва од шумското претпријатие „Беласица“.

Координираноста меѓу институциите и паричните казни од 2-300 илјади евра го сузбиле бројот на пријави од над 2000 илјади во 2012, на околу 1.200 лани.

- Оние пријави кои се процесуирани во судот во Струмица се решаваат експересно. Казните се големи. И секако ова, заедно со другите причини кои ви ги набројав, помагаат драстичнод а се намали овој горлив проблем, вели Кирил Михаилов- раководител на ПШС „Беласица“ Струмица

Полицијата презема мерки за лоцирање на Исмаилов, а протв него соодветно ќе бидат поднесени пријави.

Новинар-Катерина Давчева                                       

Снимател и -Кире Пиличев