Прилепското обвинителство го затвори случајот Трескавец

25.02.2014 15:58

Нема да поведе постапка против сторител за катастрофалниот пожар што пред една година до темел ги пеплоса манастирските конаци.

Нема основи за сомневање дека е сторено кривично дело.

Со доказниот материјал се потврдува – пожарот го предизвикала искра во затворениот преден дел на оџакот во собата број 6. Тлеела 20 ина часа, ја зафатила  дрвената ламперија, го пробила подот и од долниот кат пламнените јазици молскавично  ги зафатиле конаците.

Големите пропусти се направени при реконструкцијата на конаците по  пожарот во 1990-та.  Биле искористени постојните вековни оџаци со отворени камини во собите. Делумно биле затворени. Оставен е помал отвор - камара. Токму во затворениот дел  тлеела искрата – виновникот за пожарот.

Сега се доработува новиот обемен проект за обновата на Трескавец, најавена летово. Предвидена е целосна заштита од пожари. Се чека последниот збор на Националниот конзерваторски центар

 

Новинар-Елизабета Митреска                              

Снимател -Илчо Димески