Груевски: Активно учество на дијаспората во привлекувањето нови инвестиции
Премиерот Груевски во рамките на својата посета на Германија оствари средба со македонските иселеници во Дизелдорф.

Тој во рамките на средбата размени мислења за повеќе актуелни теми кои беа од интерес за македонските иселеници. Премиерот Груевски посочи дека главен предизвик на македонската влада е развојот на економијата и намалување на невработеноста преку привлекување на нови инвестиции кои ќе значат нови работни места. Во тој процес од исклучително значење е партиципацијата и активнпото учество на македонските иселеници кои треба да го подржат тој процес. Досега има добри примери на крупни инвестиции кои покажаа дека македонската економија има квалитетни потенцијали и е конкурентна. Нашата цел посочи премиерот, е да овозможиме инвестициски развој, раст на економија и развој на трговијата преку конкретни проекти, нови патишта, развој на енергетиката, и инвестиорање во образованиетпо што е трајна вредност и инвестиција во младите. Сето тоа ќе значи и подобар живот и стандард на граѓаните. Премиерот Груевски истакна дека и покрај предизвиците, Владата останува цврсто решена и посветена на економскиот напредок. На средбата со иселениците Премиерот Груевски истакна дека оваа влада ги остварува ветувањата и покажа дека преку еден искрен однос може да се остане во конктакт и да биде блиска со своите иселеници од државата, за што досега беа превземени конкретни чекори во таа насока, како што е овозможувањето на правото на гласање на дијаспората значаен чекор напред кој е важен за одржување на чуството на припадност и грижа кон иселениците. Тој ги повика во средината каде работат и дејствувааактивно да се вклучат во промоција на потенцијалите и предностите кои ги нуди Република Македонија во полето на економијата и инвестицискиот развој.
