Во американскиот Конгрес, порака во спомен на претседателот Трајковски
Претседавачот со групата за пријателство со Македонија во американскиот Конгрес...

Претседавачот со групата за пријателство со Македонија во американскиот Конгрес, Кендис Милер, вчера до конгресната архива достави изјава по повод 10-годишнината од авионска несреќа кај Мостар во која загина претседателот Борис Трајковски, шест членови на придружбата и двајцата пилоти.
- Претседателот Трајковски беше член и пастор на Методистичката црква на Македонија, и неуморен поборник за верска толеранција, верски слободи и решавање на конфликти. Тој беше човек со силна вера, која го упати да го води процесот на помирување низ неговиот дел од светот. При неговата инаугурација во 1999 -та, претседателот Трајковски вети дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност, или политички позиции и нема да дозволи етничката омраза и нетолерантноста да ја поткопаат стабилноста на Македонија. Како заменик министер за надворешни работи, тој ги поддржа напорите на САД и НАТО против Србија, и овозможи силите на Алијансата да се распоредат во Македонија по што Македонија прими 400.000 косовски бегалци. Претседателот Трајковски ја покажа неговата посветеноста да работи со сите етнички групи во Македонија, што помогна да се одбегне граѓанска војна. Работеше да го обезбеди мирот и да ја интегрира Македонија во меѓународната заедница, пишува во пораката на конгресменката Милер.
