Стецајците имаат проблеми со документите
Раздвиженост во Центарот за вработување во Велес. Стечајците од фирми со државна сопственост ги поднесуваат апликации за парично обештетување. Но уште на самиот почеток велат имаат проблеми со докумантите.
„Бараат сметки, ми бараат решенија други ,така да малку нели е ова шетање од една установа во друга од друга во трета“, рече Методиј Брчков.
„Ми јавија ми рекоа поднеси дикументи само со лична карта кога доаѓам гледам сосема друго“, вели Тошо Донев.

Од Центарот за вработување велат дополнителни документи се бараат заради поедноставување на постапката, но сепак ниту една апликација не е вратена.
„Доколку имаат кај нив трансакциска сметка, или листинг од пензиско ги задржуваме затоа што понатаму во оценката дали им следи или не ќе ни користат, но не е задолжително,рече Валентина Костенова, раководител на Центарот за вработување во Велес.
Во 2008 година, 983 лица поднеле апликации за парично обештетување по тогашниот Закон. Позитивно решение добиле само осумдесетина. Сега очекувањата се бројката да биде поголема.
„Веројатно тој број е преполовен отидени се дел од луѓето во пензија има починати така што неверувам во Велес ќе има повеќе од 400 до 500 апликанти“, рече Томо Крстиќ, поранешен претседател на З.Г СТРАВ
Според најавите околу три илјади работници од 320 компании во Македонија ќе бидат опфатени со ова законско решение.
Дијана Иванова