Лесно злоупотребени службени положби-ќар од 34 илјади евра
Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица, три од Куманово, а едно од Свети Николе поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела - “злосторничко здружување“,и “злоупотреба на службена положба и овластување“ .

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица, три од Куманово, а едно од Свети Николе поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела - “злосторничко здружување“,и “злоупотреба на службена положба и овластување“ .
Првопријавениот вработен како директор на ЈП “Чистота и зеленило“ Куманово заедно со второпријавениот , сопственик и управител на браварската работилница “Дух“ од Свети Николе по претходен договор на точно неутврденa датa и место создале група со цел браварската работилница “Дух“ да се здобие со противправна имотно корист во износ од 5.300.000 денари , со што било оштетено јавното претпријатие.
Директорот ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување иницирал набавка на три половни комунални возила за смет и едно половно специјално моторно возило - метлачка за потребите на претпријатието преку јавна набавка-Тендер. И за таа цел заедно со светиниколчанецот кој исто така ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување по претходен договор дека ќе го добие тендерот, организирале посета на авто-плацеви во.Германија, со цел пронаоѓање на соодветни возила, нивно плаќање преку сметка на фирмата од кои средства дел се авансно платени од ЈП “Чистота и зеленило“ Куманово заедно со нивно транспортирање до РМ.
По распишување на тендерот во постапка на одлучување останатите две лица исто така ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.Тие при отворање на двете понуди од браварската работилница и Друштвото за еколошки, комунални и други услуги „Еко Тера Интернационал„ Скопје постапиле спротивно на законот и не ги провериле техничките понуди поднесени од двата понудувачи..По отворање на понудите и овозможиле на фирмата од Свети Николе да ги внесе и да ги регистрира возилата во земјава, по што возилата за сума од околиу 62 илјади евра со ДДВ биле набавени од браварска таработилница и потоа на ЈП „Чистота и зеленило„ Куманово и биле продадени за 86 илјада евра без ДДВ, со што оствариле профит од 34 илјади евра кои пари по претходен договор би биле поделени помеѓу прво и второпријавениот.
