Пензионери останале без пензии во Делчево

26.02.2014 14:02

Пријавениот, лани во декември како вработен поштар во „Македонски Пошти“- Делчево ја злоупотребил службената положба со тоа што фалсификувал потписи на пензионери...

Полицијата во Делчево поднесе кривична пријава против лице од Кочани, поради сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, лани во декември како вработен поштар во „Македонски Пошти“- Делчево ја злоупотребил службената положба со тоа што фалсификувал потписи на пензионери.

Со тоа, поштарот си присвоил околу 114 илјади денари или околу 1.900 евра, а 11 делчевски пензионери останале без пензија.