ОМД: Делото на претседателот Трајковски продолжува да живее

26.02.2014 14:57

Од ОМД посочуваат дека Претседателот Трајковски, беше неуморен поборник за целосно признавање на македонското уставно име од меѓународната заедница...

Претседателот  Борис Трајковски засекогаш ќе остане запаметен како скромен, храбар и решителен човек, со глобална визија за Македонија кој секогаш ги ставаше својата земја и народ пред неговата лична слава, велат од Обединета македонска дијаспора по повод 10 години од неговото трагичното загинување на 26-ти февруари 2004 година.

„ОМД верува дека визијата на претседателот Трајковски за општество засновано врз демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно општество засновано врз доверба ќе надвладее, и Македонија ќе биде дел од евро-атланските институции. За време на кофликтот во 2001 -та, претседателот Трајковски го повика народот во Македонија да ги избере гласачките кутии, а не куршумите”, велат од организацијата.

Од ОМД посочуваат дека Претседателот Трајковски, беше неуморен поборник за целосно признавање на македонското уставно име од меѓународната заедница, и го постави патот за признавањето од страна на САД во ноември 2004 -та, кое за жал не успеа да го доживее.