„Форин Офис“ ги обучува македонските дипломати

26.02.2014 15:41

Според потпишаниот меморандум за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на РМакедонија и на Обединетото Кралство, во македонското МНР беше организирана обука за дипломатите од реномираниот Центар за политички и дипломатски студии од Лондон, а предавачи беа Џон Емери, директор на Центарот и амбасадорот Џереми Хил.

Обуката ја  следеа 54 дипломати од Министерството и сите директорати, со посебен нагласок на помладите.

Во текот на обуката беа дискутирани повеќе теми од сферите политика, организација и менаџмент на централа и дипломатска мисија, политичка анализа, известување и брифирање, преговарачки и претседавачки вештини, справување со конзуларна криза, стратешка комуникација, вршење влијание и оформување мрежа, вештини за лично презентирање и дипломатска комуникација. По обуката  дипломатите добија соодветни сертификати.

 “Со овој тип на обука се обезбедува уште поотворена комуникација и можност за пренесување на искуства до Македонските дипломати од страна на колеги и експерти кои произлегуваат од една од највлијателните дипломатски служби во светот. Зголемената соработка во овој контекст оди во прилог на постојаното унапредување и градење на посилни капацитети во Р. Македонија а во функција на остварување на стратешките цели”, изјави министерот Никола Попоски.