Функционери не пријавиле имотна состојба
50-тина функционери не поднесле анкетни листови за имотната состојба. Антикорупциска поведе постапки. Ревизорскиот извештај на Агенцијата за странски инвестиции, паркинг-просторот во Куманово , злоупотребата на јавните набавки од Комуналното претпријатие во Гостивар се најдоа меѓу предметите против кои Државната комисија за спречување на корупција води отворена постапка. Претседателот на Комисијата побара отсега да имаат увид во финансиската работа на политичките партии.

-Банкарски изводи од нивните жиро сметки во текот на работењето, потоа за време на кампања предлагавме и пак ќе го бараме истото иако во изборниот закон не се внесени, финансискиот финален извештај за изборна кампања да се затвори наменската жиро сметка, рече Ѓорѓи Сламков
Последните податоци на Транспаренси Интернешнл велат дека македонските граѓани се повеќе ја препознаваат корупцијата. Овој проблем во Европската унија носи големи финансиски загуби.
-Повеќе од две третини од европските граѓани сметаат дека корупцијата е широко распостранета во нивната земја, додека трошок за европската економија се проценува на 120 милјарди евра годишно рече Манфредас Лимантас раководител на сектор правда и внатрешни работи, делегација на ЕУ.
За две години откако се спроведува програмата за справување со корупцијата, Комисијата реализирала 70 насто од активностите. Од денешниот собир излезе заклучокот дека Антикорупциска мора кадровски да зајакне за да нема пропусти во работата како во минатото.
Викторија Тодоровска