Николовски со реакција до ПССЕ за укинувањето на Пустец
26.02.2014 16:19
Интервенцијата на шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ и истовремено заменик претседател на Мониторинг комисијата на истата асамблеја, е во однос на општината Пустец која брои 5.300 жители, со што со новиот закон единствената општина во Албанија со мнозинско македонско население ќе се припои кон друга општина.

Македонскиот пратеник Александар Николоски се обрати со писмо до претседателот на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Штефан Шенахм во кое го привлекува неговото внимание на законот за територијалноадминистративна поделба во Албанија со кој е предвидено општините во оваа земја да бројат најмалку 10 илјади жители.
Интервенцијата на шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ и истовремено заменик претседател на Мониторинг комисијата на истата асамблеја, е во однос на општината Пустец која брои 5.300 жители, со што со новиот закон единствената општина во Албанија со мнозинско македонско население ќе се припои кон друга општина.
Обраќањето на Александар Николоски доаѓа во пресврт на престојниот состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ закажана за 27 и28 февруари 2014 година на Малта, на кој же се разгледува Извештајот за исполнувањето н аобврските и заложбите на Албанија, преземени со членството во Советот на Европа.
Николоски на претседателот на Мониторинг комисијата на ПССЕ му посочува дека „Македонците кои живеат во општината Пустец, стравуваат дека ќе ги загунат сите елементарни права на едно малцинство, бидејќи новата општина ќе има доминантно албанско население и што значи покомплицирана процедура за вршење на основните фукнции на општината, со оглед на нејзината површина и население“.
Како што објаснува шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ, „Населението ќе треба да патува десетицу километри за најосновните услуги или документи кои ги издава општината.“ Ова според Николоски „сериозно ќе влијае врз ејкономската благосостојба на ионака сиромашното население од општина Пустец и покрај етничка ќе значи и економска емиграција“.
Александар Николоски стравува и од фактот дека ова решение на албанските власти „може да го засили процесот на асимилацијата на македонското малцинство во Албанија и да доведе до намалување на нивните и така минимални права, како и уништување на културниот идентитет на етничките Македонци.“
На крајот од писмото до претседателот на Мониторинг комисијата на ПССЕ, Николоски нагласува дека „Општина Пустец отсекогаш била единица на локалната самоуправа во која мнозиснтво биле Македонците и тие се надеваат дека тоа така и ќе остане. Уште повеќе, што и актуелниот градоначалник на општината е Македонец“.
Притоа тој бара заштита на македонското малцинство во согласност со принципите на Советот на Европа и меѓународното право.
„За таа цел, би сакал да ги повикам членовите на Мониторинг комисијата на ПССЕ да се заложат албанските власти да ги спроведуваат меѓународните реформи во делот на локалната самоуправа, но притоа да бидат внимателни да не ги загрозуваат правата на националните малцинства“ – завршува Николоски.
Тони Гламчевски
