Се обновува мостот меѓу битолските села Рамна и Лера

26.02.2014 16:27

Во селото Рамна почна реконструкцијата на мостот што ја финансира Агенцијата за рурален развој.

Вредноста на проектот изнесува околу 4,5 милиони денари и е од исклучително значење за жителите.

„Овој мост им беше особено потребен на жителите на Лера и Рамна, бидејќи за своите потреби мораа да заобиколат околу 11 километри за да стигнат до своите ниви. Преку Агенцијата за рурален развој се обезбедени средства, проектот и целата постапка со тендерската документација се завршени и деновиве почна изградбата на мостот. Станува збор за една многу убава конструкција, очекувам за 2 месеца да биде завршен овој мост“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Тој потсети дека 50% од патната инфраструктура во овој дел е завршен, а останува уште патот околу Доленци за кој во моментот се бара начин за обнова.