Најсовремена анализа за квалитет на жито

26.02.2014 16:42

Проработи првата овлaстена лабараторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното во Источна Македонија.

Се намалува  можноста на пазарот да се најде брашно со сомнителен квалитет. Потрошувачите може да здивнат, земјоделецот пак конечно за поквалитетна пченица да добива  повисока откупна цена.

„Ќе направиме анализа и според тоа ќе можеме да ја исплатиме соодветно во зависност од квалитетот на  пченицата“, рече Николчо Ѓоргиев директор МакМлин.

Но, за целосно искористување на потенцијалот кој го има лабараторијата неопходна е нејзина акредитација. Ресорното министерство нуди помош во нејзино обезбедување.

„Испораката на производи од Република Македонија на страснки пазари ќе биде проследена  со соодветна документација која ќе биде прифатена од нивна страна“, изјавиа министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Засега лабараторијата ќе се користи само за потребите на МакМлин, но многу скоро анализи тука ќе се работат за секој кој ќе донесе мостра. Очекувањата се најмногу да ја користат земјоделците.

„Во овој регион нема ваква лабараторија па луѓето мора да одат до Скопје, дури и во Србија за испитвање на влага и сите други работи“, велат земјоделците.

Инвестицијата е вредна 170 илјади евра, половина од нив се обезбедени од програмата за рурален развој.

За да се добијат првичните резултати за квалитетот на производот кој што се испитува во оваа лабараторија потребни се само две минути.

 

Дијана Иванова