Директор на кумановската „Чистота и Зеленило“ местел тендер
Според полицијата по претходен договор помеѓу директорот и добавувачот возилата биле донесени по цена од околу 60 илјади евра, истите продадени за 86, без ДДВ на „Чистота и Зеленило“, а остантите 34 илјади си ги поделиле...

Директорот на кумановското Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Сашо Петрушевски заедно со уште тројца вработени, наместил тендер за набавка на 4 камиони од фирмата Дух од Свети Николе и го оштетитиле претпријатието за околу 85 илјади евра, соопшти МВР.
Според полицијата по претходен договор помеѓу директорот и добавувачот возилата биле донесени по цена од околу 60 илјади евра, истите продадени за 86, без ДДВ на „Чистота и Зеленило“, а остантите 34 илјади си ги поделиле.
„Постапиле спротивно на законот и не ги провериле техничките понуди поднесени од двата понудувачи, а кои се во врска со условите и барањата од техничките спецификации од тендерска документација во поглед на тоа дали понудените возила се регистрирани со македонски таблици и дали се со извршена хомологација“, изјави Валентина Николовска, началник на аналитика -СВР Куманово.
„Тендерската постапка е извршена согласно законските прописи, при што е изберена понуда со најниска цена и гаранција“, вели директорот „Чистота и Зеленило“ од Куманово, Сашо Петрушевски.
„Постапката е спроведена согласно сите позитивни прописи со обезбеден финасиски план за јавни набавки, со Одлука на Совет на Општина Куманово и со одобрение на Управен одбор на ЈП“, додава Петрушевски.
Полицијата кривично ќе го гони Петрушевски за две дела злосториничко здружување и злоупотреба на службената должност, а добавувачот ќе одговара за незаконско учествово на тендер без уредна документација.
Инаку Јавното претпријатие моментално на терен има 16 камиони сите добиени по пат на јавна набавка. Послените три се уште не се испалтени на добавувачот поради блокада на општинската сметка.
Габриела Димковиќ
