Убиство во Ченто

27.02.2014 10:28

Едно лице е убиено синоќа околу 22.30 часот, во скопската населба Ченто, во близина на црквата „Св. Ѓоргија“

Станува збор за 46-годишниот Исмаили Ибраим од Скопје. Тој беше убиен синоќа околу 22:30 часот во близина на црквата во Ченто на улицата „Алија Авдовиќ“.

Две засега непознати лица пукале кон Исмаили кој бил во автомобил, по што избегале.

Полицијата извршила увид и работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот. Повеќе детали за убиството се очекуваат во текот на денешниот ден.