Македонија во НАТО и во ЕУ – повика австралискиот пратеник Симпкинс
Австралискиот пратеник Лук Симпкинс, по повод 10 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, повика на брз прием на Македонија во НАТО и во Европската Унија со што би се исполниле неговите политички цели.

Австралискиот пратеник Лук Симпкинс, по повод 10 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, повика на брз прием на Македонија во НАТО и во Европската Унија со што би се исполниле неговите политички цели.
- Пред 10 години претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загина во авионска несреќа во густите магли во југоисточна Босна. Тој ќе остане запаметен со предводењето на мировниот договор помогнат од НАТО во 2001 , со кој се спречи вооружените судири со етничките албански герилци на границата со Косово да се претворат во вистинска граѓанска војна. Британскиот министер за надворешни работи Џек Стро тогаш рече дека благодарение на напорите на Трајковски, Македонија цврсто оди на патот на евро-атланската интеграција. Таа изјава беше дадена во 2004 . Најголема трагедија за народот на Република Македонија е што Европа и НАТО не дозволија нејзин прием. На 10-тата годишнина од загинувањето на претседателот Траковски, крајно време е Европа и НАТО да ја примат Македонија, пишува во пораката на пратеникот Симпкинс.
Лук Симпкинс е пратеник на владејачката Либерална партија на Австралија од изборната единица Кован во Западна Австралија и е силен поддржувач на Република Македонија .
