Министерот Џафери на состанок на НАТО со земјите учеснички во мисијата ИСАФ
Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот Талат Џафери престојува во Брисел, каде ќе учествува на состанокот на северноатлантската алијанса (NAC) со не-НАТО земјите кои придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Целта на овој министерски состанок е да се направи проценка на напредокот во однос на процесот на транзиција и предавањето на целосна одговорност за безбедноста на Авганистанските национални безбедносни сили, како и понатамошно планирање на мисијата пост-2014 -та наречена „Одлучна поддршка“, соопшти Министерството за одбрана.

По завршувањето на NAC состанокот со не-НАТО земјите кои придонесуваат во мисијата ИСАФ, министрите за одбрана на групата А-5 ќе реализираат состанок на кој ќе дискутираат за можното идно заедничко учество во мисијата „Одлучна поддршка“ и во подготовките на други НАТО предводени проекти.