Во Струга проблеми со депонијата

27.02.2014 11:48

Неколку години граѓаните на Струга бараат да се реши проблемот со депонијата која е лоцирана веднаш до првата населба во градот. Стружани велат дека треба да се надмине оваа состојба, од причини што со депонијата создава проблеми посебно во текот на летниот период кога темепратурите се повисоки.

 Струшките еколошки оргнизации велат дека депонијата создава проблеми речиси две децнии и треба да се изнајде соодветно решение. Велат дека е нужно да се изгради соодветна депонија за смет, но и депонија за одложување на градежен шут:

- Ова прашање не е од сега, оваа е од пред две децении и кое што требаше да биде решено пред се за Струга и Охрид поради заштитата на Охридското Езеро и да се изгради регионална депонија. Беше предвидено во караорманскиот дел во едни преслапи каде нема допир со сливните реки и рекички на Глобочичкото и Охридското Езеро. Таа депонија беше предвидена за шест града од Западна Македонија вклучувајќи го и Поградец зошто екологијата не познава граници. Предвидено беше и фабрика за сепарација на матерјалите за понатамошна преработка на секундарни суровини, вели Мате Гогоски, претседател на Здружението за екологија ‘’Енхалон,, од Струга.

Дополнителен проблем со депонијата се јавува на летниот период

- Проблемот е посебно голем во летниот период кога температурите се високи и се шири голема реа. Од сите еколошки аспекти и според сите еколошки стандарди, депонијата треба да се дислоцира затоа што се наоѓа во близина на населено место, додаваат од невладината Натура.

Како една од алтернативите за решавање на овој проблем во Југозападниот регион е изградба на регионална депонија во Осломеј.

Јованчо Наумовски

снимател, монтажа Сашо Кленкоски