Расте бројот на заболени од грип! Досега регистрирани 18.882-ца
Евидентирани се и два смртни случаја со лабораториски потврдена инфекција со вирусот инфлуенца А, со што вкупниот број на починати од грип во оваа сезона се искачи на седум...

Само минатата недела од 17-ти до 23-ти февруари биле регистрирани вкупно 3.973 новозаболени од грип, што е за 34,3 % повеќе од истиот период лани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.
Евидентирани се и два смртни случаја со лабораториски потврдена инфекција со вирусот инфлуенца А, со што вкупниот број на починати од грип во оваа сезона се искачи на седум.
Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 18.882 или 37,9 отсто повеќе истиот период во претходната година.
Најголем број заболени (2.735) се регистриани во Скопје и во Кавадарци (2.735). Најмногу болни (12.292) се во возрасната група од 15 до 64 години.
