Осум лица осомничени за кражбата во Музејот на Македонија
Извршени се претреси во нивните домови, а во некои објкти сеуште се вршат. Пронајдени се голем број на артефакти за кои постои сомнеж дека припаѓаат на Музејот на Македонија. Станува збор за предмети како антички маски и стари икони...

Почна финалната реализација на случајот за украдените 166 вредни артефакти од Музејот на Македонија. Приведени се осум службени лица, меѓу кои и поранешниот директор на Управата за културно наследство, Паско Кузман, како и поранешниот и сегашниот директор на Музејот на Македонија, програмскиот директор на Музејот, раководителот на депото на Музејот и уште неколкумина вработени. Меѓу приведените е и еден скопски златар кој се сомничи за поткуп.
Приведените се на распит во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка којшто ќе одлучи дали ќе им биде одредена мерка притвор.
Извршени се претреси во нивните домови, а во некои објкти сеуште се вршат. Пронајдени се голем број на артефакти за кои постои сомнеж дека припаѓаат на Музејот на Македонија. Станува збор за предмети како антички маски и стари икони.
Од досегашната истрага Музејот на Македонија, а со тоа и буџетот на државата, е оштетен за 40.000 евра за незаконски откуп на музејски материјал.
Украдените предмети, пак, се од непроценливо значење и вредност.
Наташа Гркова- Петрушевска
