Уште двајца пациенти починаа од грип
Од Клиниката за инфективни болести во Скопје информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден се починати двајца пациенти кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А.

Пациентите подолг период (околу 20- тина дена) биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања.
Станува збор за мажи, едниот на возраст од 63 години од околината на Скопје, со претходни хронични заболуваеа како што се: билатерална бронхопневмонија, дијабет и хронична срцева слабост. Исто така, и вториот починат пациент е од Скопје, на 47 годишна возраст со претходни хронични заболувања – хроничен бронхит, бронхопневмонија и акутна бубрежна слабост.
И покрај спроведената антивирусна терапија и вложени максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, пациентите завршиле со смртен исход.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 110 пациенти, од кои 6 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега. Досега билансот на жртвите од грип е 9 лица.
Соња Стојановска
