Убиството на Ибраим сеуште не се поврзува со она на Џељо

27.02.2014 15:16

Вчеравечер во скопската населба Ченто беше убиен познатиот лихвар, Исмаили Ибраим. МВР соопшти дека при вештачењето е утврдено дека убиениот имал повеќе прострелни рани, а на местото на настанот биле пронајдени и повеќе чаури...

Вчерашното убиство на добро познатиот лихвар од Ченто, МВР не го поврзува со убиството од ноември минатата година, кога во сопствената чајџилница во истата населба беше убиен Аети Џељал, познат како Џељо. 
 
Вчеравечер во скопската населба Ченто беше убиен познатиот лихвар, Исмаили Ибраим. МВР соопшти дека при вештачењето е утврдено дека убиениот имал повеќе прострелни рани, а на местото на настанот биле пронајдени и повеќе чаури.  
 
МВР го истражува случајот, а досега се повикани повеќе лица, очевидци кои можат да помогнат да се расветли убиството.
 
46- годишниот Ибраим бил застрелан од автоматско оружје, на улицата Алија Авдовиќ, во близина на црквата Свети Ѓорѓија. Убиениот бил во автомобил од марката Мерцедес.
 
Оваа скопска населба стана препознатлива по повеќето убиства, што се случуваа последните неколку години, токму на наведената улица!
 
Наташа Гркова- Петрушевска