Лустраторите повторно ќе ги разгледуваат досиејата на Бабамовски и Бабовски
Едниот предмет се однесуваше на лице прогласено за соработник, а другиот за наредбодател...

Откако управниот суд поништи две одлуки на лустраторите за прогласување на соработници на тајната служба, од Комисијата за лустрација најавуваат досиејата да се најдат повторно на разгледување.
Причината поради која што е прифатена жалбата на Иван Бабамовски, е дека во неа имало документи по 96-тата година време кое не е опфатено со законот за лустрација, а во другиот предмет кој се однесува на Николче Бабовски документите не биле дадени поединечно.
Едниот предмет се однесуваше на лице прогласено за соработник, а другиот за наредбодател. Мнозинството членови одлучиле да биде поднесен нов извештај на една од наредните седници на Комисијата за лустрација.
Дијана Ценевска
