За имотни листови заработиле кривични

27.02.2014 17:05

Кај осомничените пронашла 400 евра и предметот кон незаконски ветиле дека ќе го сработат, останатите 500 евра требало да ги добијат откако ќе ја завршат работата...

Услуга во неготинскиот катастар наместо според законот двајца вработени, поранешни советници од власта и опозицијата  ја  нуделе за пари.  За награда од 900 евра на сограѓанин му ветиле  дека без елаборат и уписно барање во имотен лист ќе впишат кука и дуќан. Полицијата дознала и направениот увид. Кај осомничените пронашла 400 евра и предметот кон незаконски ветиле дека ќе го сработат, останатите 500 евра требало да ги добијат откако ќе ја завршат работата.
 
За ова од МВР заработија пријава за сторено кривично дело „Примање поткуп“.
 
Додека осомничените беа на распит кај истражен судија, МРТ беше во неготинскиот карастар.
 
На шалтерите немаше гужва, работата нормално се одвиваше.
 
Раководителот на одделението за катастар Јордан паунов вели за настанот дознал о дполицијата, нема што да коментира за јавноста, ако вработените се огрешиле ќе одговарале пред лицето на правдата.
 
Неготинци слушнале за настанот, но јавно несакаат да зборуваат.Велат парите кои полицијата ги нашла кај осомничените се доволен докаж тие да одговараат за делото за кое сега се само осомничени.
 
Дијана Иванова