Утре почнува скрининг процесот за пристапување во ЕУ
Отворањето на првото, од 33-те поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг. Потоа, ќе се подготвува втората фаза или т.н. Билатерален скрининг што ќе биде, уште покомплексен и пообемен.

Македонија утре го почнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија. Во Брисел заминува 40- члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, кој нагласи дека почетокот на т.н. Објаснувачки скрининг е пресвртната точка, со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.
Отворањето на првото, од 33-те поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг. Потоа, ќе се подготвува втората фаза или т.н. Билатерален скрининг што ќе биде, уште покомплексен и пообемен.
Процесот се очекува да заврши до јуни 2019-та година, по што треба да почнат и преговорите за членство во ЕУ.