Почнува академската година
Почна академската 2018/ 2019 година. Државните универзитети отворија над 21.000 слободно место за идните студенти. На Економскиот факултет одржан првиот академски час...

Почна академската 2018/ 2019 година. По една деценија повторно се враќа праксата учебната година да почне на 1-ви октомври, наместо како досега на 15-ти септември.
За запишување на некој од 23-те факултети на УКИМ со конкурсот имаше слободни 11.661 место, од кои за редовни во државна квота 5.913, со кофинансирање на студиите 4.573.
Дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот, рече ректорот Јанкуловски. Им ги врачи индексите на првите десет рангирани. Посочи дека пазарот на знаење и пазарот на труд се брутално сурови.
УКИМ во оваа академска година понуди избор за запишување на 186 студиски програми од вкупно 193 акредитирани. За студентите, изборот на добар факултет е можност за наоѓање добра работа и кариерен развој.
Академската година на универзитетите во земјава почнува со нов Закон за високо образование.
Дијана Ценевска