Ивановски на „Независниот Панел за глобалниот интернет во Калифорнија“
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на состанокот на Независниот Панел за глобалниот интернет организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), кој на 27 и 28 февруари се одржува во Калифорнија, САД.

Работата на панелистите во ова високо тело е фокусирана на развојот и глобализацијата на тековната интернет рамка и неопходните механизми поврзани со тој процес.
Панелот е координиран од страна на Глобалната комисија за управување со интернетот (GCIG), која неодамна е воспоставена од страна на Центарот за меѓународни иновации и управување (CIGI) и Кралскиот институт за меѓународни работи.
Министерот Ивановски ќе оствари средби со претставници од владини институции, приватниот сектор и светските телекомуникациски организации, со кои ќе сподели значајни искуства од областа на информациско-комуникациските технологии.
Советот, заедно со експертите и набљудувачите, првпат се сретнаа во декември минатата година во Лондон, каде дискутираа за глобалната интернет соработка и механизмите на управување со интернетот кои ќе се преземат во иднина.
Завршниот состанок ќе се одржи во рамките на Светскиот економски форум, во мај 2014 година во Дубаи.
