Почна изградбата на опожарените куќи во месноста „Циглана“

28.02.2014 11:39

Oпштина Бутел ја почна изградбата на опожарените куќи во месноста  „Циглана“. Станува збор за триесетината станови што изгореа кон крајот на минатата година.

Иако помошта стигна од повеќе институции: од Владата, градот Скопје, од министерствата за труд и социјала и транспорт и врски, главен координатор, односно носител на работите е општина Бутел. Помош даде и ПУИГ при изработката на проектот за темелна реконструкција и изградба на становите, а тие ја зедоа обврската за изгрдба на седум станови.

Општина Бутел по распишаниот тендер за изгрдба на 26 станови, изведбените работи му ги додели на најповолниот понудувач, на градежната фирма „Галаб“  од Скопје.

Нивната обврска е во рок од 35 работни денови да ја завршат целокупната работа и опожарените станови да ги доведат во состојба на вселување.

Инвестицијата ќе чини околу 17 000 000,00 денари.

Инаку, кон крајот на минатата и на почетокот од оваа 2014 година се случија повеќе пожари на територијата на општина Бутел. Градоначалникот  Петре  Латиновски на сите им излезе во пресрет со првична еднократана помош.

Додека беше на локацијата „Циглана“  градоначалникот Латиновски доби информација дека се запалила куќата на Беким Бучи од Визбегово. ,,Се разбира, и на ова семејство ќе му помогнеме“- одговори градоначалникот Латиновски.