Градот на злaтната параолимпијка Оливера Наковска Бикова доби нова стрелана

28.02.2014 12:17

Со неколку истрели од воздушениот пиштол, шампионката во оваа дисциплина од параолимписките игри во Лондон, Оливера Наковска Бикова го означи стартот на новата битолска стрелана. Поинаку не можеше , и не смееше, затоа што по нејзиниот голем успех падна и иницијативата за модернизирање на долгогодини запуштениот спортски објект. Сега тој е на две нивоа и нуди можност за вистински подготовки.

- Сегашниве ослови се далеку подобри од оние што досега ги имав. Има уште некои мали ситници што треба да се довршат но тоа сега е лесно затоа што главното е тука рече златната од Лондон , битолчанката Оливера Наковска Бикова.

 На првото ниво поставени се дест мети а во втората фаза на горниот спрат ке следи поставување и на електронски мети. Во оваа прва фаза вложени се нашто над 20 ооо евра.

- Можеби инвестицијта на прв поглед не е голема, но е со исклучително значење затоа што освен Оливера, тука, достојни услови ке имаат И битолските клубови а И кај младите интерасот да се зголеми рече Градоначалникот Владимир Талески

Статистиката вели дека и досега тој бил на завидно ниво. Освен шампионкта од Лондон , Битола ги има и. пете активни стрелачки клубови. Доаените на спортското новинарство велат дека Битола го има дадено и првиот државен првак. Традиција која преку овој нов објект треба само да се надоградува.

Стевче Митревски