Судот одлучи: Шилегов треба да и плати 500 илјади денари оштета на Јанкулоска

28.02.2014 13:51

Јанкулоска го тужеше за клевета направена на неколку последователни прес- конференции за нејзината имотна состојба и бараше отштета од милион денари...

Денеска во Основниот суд Скопје 2 беше објавена пресудата по тужбата што министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја покрена за клевета, против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Портпаролот на СДСМ треба да и плати 500 илјади денари отштета на министерката за внатрешни работи.

Јанкулоска го тужеше за клевета направена на неколку последователни прес- конференции за нејзината имотна состојба и бараше отштета од милион денари.