Ребрендиран „Скопскиот маратон“
28.02.2014 13:54
Јубилејниот десетти „Скопски маратон“, што ќе се одржи на 11 мај, ќе се ребрендира во „Виз Ер скопски маратон“ и ќе добие нов генерален спонзор, авиокомпанијата „Виз Ер“.
Договор за соработка денеска потпишаа Град Скопје, Сојузот на спортови на Скопје и авиокомпанијата „Виз Ер“, која во наредните три години ќе биде гладен покровител на најмасовната спортска манифестација.

- Бројот на маратонците се зголемува секоја година. Со „Виз Ер“ како главен спонзор, „Скопскиот маратон“ ќе се вклопи во листата на маратони кои како спонзори имаат светски компании, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Трајановски потенцираше дека со „Виз Ер“ и неговата промоција на маратонот освен што ќе се зголеми бројот на маратонци, очекуваат да се зголеми и бројот на туристи кои ќе сакаат да дојдат и да го посетат маратонот.
Според Трајановски, Град Скопје ќе добие на значење со оваа манифестација. Сите јавни претпријатија ќе бидат вклучени во подготовката на маратонот, а ќе учествуваат и повеќе средношколци.
- На минатогодишниот „Скопски маратон“, учествуваше и „Виз Ер“. Бевме горди на оваа соработка и затоа се одлучивме да бидеме генерални спонзори. Бројот на учесници постојано расте, а со оваа промоција ќе се зголеми и бројот на учесници од меѓународно потекло. Ќе ја користиме нашата мрежа и медиуми за да го поддржиме и промовираме овој настан, истакна главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варади.
Според претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Ѓорѓи Кузмановски, со овој маратон покажуваме уште еднаш дека Скопје е спортски град во кој многу се вложува за спортот.
Лани на маратонот учествуваа околу 5.000 спортисти од 36 земји, а за годинава се очекува овој рекорд да биде повторно соборен.