Анкета: Граѓаните најмногу веруваат во ВМРО-ДПМНЕ
На прашањето која политичка партија има поквалитетно и поспособно раководства, 38,9% од испитаниците се изјасниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,6% својот глас го дале за СДСМ...

Најновото истражување на Институтот „Павел Шатев“ спроведено телефонски во периодот од 16-ти до 19-ти февруари годинава, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која котира највисоко на рејтинг листата по однос на перцепции на довербата во работата и ветувањата на политичките партии, како и блискоста на личните ставови на граѓаните со партиските позиции во однос на повеќе актуелни прашања.
Анкетирани биле 1.450 испитаници, а целта била утврдување на ставовите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во земјата.
На прашањето која политичка партија има поквалитетно и поспособно раководства, 38,9% од испитаниците се изјасниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,6% својот глас го дале за СДСМ, а 39,5% одговориле „не знам".
И по прашањето која политичка партија има подобра економска програма, мнозинството, односно 39,3% одговориле ВМРО-ДПМНЕ, 19,2% сметаат дека тоа е програмата на СДСМ, а 41,5% одговориле со „не знам".
41,1% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, додека 22,4% сметаат дека партијата не го исполнува ветеното.
59,3% од испитаниците сметаат дека доколку СДСМ дојде на власт нема да ги испочни ветувањата, додека 18,4% го мислат спротивното.
Мнозинството граѓани, односно 36,4 %, рекле дека ги поддржуваат позициите на ВМРО-ДПМНЕ по однос на националните прашања, додека овој процент за СДСМ изнесува16,1, а 19,3 % истакнале дека не ги поддржуваат понудените позиции и од двете страни.
