Фернандо Галаинена - ЕУ сака најбрзо да се реши спорот со името
ЕУ сака итно да се најде решение за спорот со името. Долгогодишните дискусии треба да доведат до конечен договор, вели шпанскиот амбасадор во Република Македонија Фернандо де Галаинена во интервју за ,,Independent.mk”.

Прашан дали грчкото претседателство со ЕУ може да помогне да се дојде до решение за спорот, амбасадорот вели дека земјите-членки на ЕУ, Европската комисија и Советот се посветени да има напредок и го поддржуваат претседателството да ги надмине предизвиците во секоја европска политика.
Шпанскиот амбасадор нагласува оти нема сомнеж дека ЕУ е решена Западен Балкан да се интегрира во Унијата, со оглед дека е вложен голем човечки и економски капитал за да им се помогне на државите од регионот да ги исполнат условите за членство.
За односите Скопје-Мадрид вели дека се одлични на секое поле, но има простор за подобрување на соработката во делот на инвестициите и туризмот.
