Здравство

Финансирање на повеќе проекти во Здравствен дом

28.02.2014 16:20

Министерот за здравство Никола Тодоров, со директорот на „Здравствен дом“ Петар Ристески и Претседателот на Советот Никола Димески претставија повеќе реализирани проекти поврзани со оваа здравствена установа.

Реконструирана е фасадата и дограмата, проект финансиран од Здравствениот дом и Министерството за здравство во вредност од 8. 100 000 денари, поставување на лифт во зградата на здравствениот дом, реновирање на скалите, ходниците и холовите, набавени се 2 нови возила за домашна посета во вредност од  1.100 000 денари, набавен е нов ЕКГ апарат во одделението за Медицина на трудот како и направена е набавка на нови униформи за персоналот согласно протоколот за хоспитална култура. Според Министерот Тодоров - Министерството за здравство и понатаму ќе продолжи со инвестиции во здравството, обновувањето на старите капацитети со нова и во современа медицинска опрема. Претседателот на Совет Никола Димески посочи дека со реновирањето на  зградата и дограмата на Здравствениот дом по  долги години, градот Прилеп  доби нов репрезентативен објект. Локалната самоуправа и понатаму максимално ќе го поддржува Здравствениот дом за подобрување на услугите, а со тоа пациентите што ја посетуваат здравствената установа ќе добиваат медицинска услуга на највисоко ниво.