Проектите на Субрата Рој во Македонија не се загрозени
Инвестициските проекти на Субрата Рој во Македонија не се загрозени, велат за МРТ од „Сахара Груп“...

Инвестициските проекти на Субрата Рој во Македонија не се загрозени, велaт за МРТ од „Сахара Груп“.
Како што пренесуваат медиумите индискиот магнат Субрата Рој (65) е уапсен денеска, откако самиот и се предаде на полицијата во индиската сојузна држава Утар Прадеш, соопшти претставник на локалната полиција.
Врховниот суд на Индија издаде налог за апсење на Рој во средата, а вчера полицијата го побара во неговиот дом за да го приведе на сослушување, но не го пронајде.
Неговите адвокати тврдат дека Рој не се криел од полицијата и од судските власти, туку дека бил покрај неговата тешко болна 92-годишна мајка.
Неговиот син Семанто Рој, кој го потврди апсењето, на прес-конференција во Њу Делхи изјави дека татко му е подготвен да соработува со властите.
Судот му одреди на Рој притвор до 4 март, за кога е закажано првото сослушување, но го одби барањето да му овозможи да се барни од слобода со кауација.
Првите инвестиции на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ во Македонија се насоечни кон агро-комбинатот Џумајлија од Лозово кај Свети Николе, а компанијата најави и дека планира да гради хотелскиот комплекс на Охридското Езеро, кај Љубаништа.
