Македонија претставена на најголемиот саем на туризам во регионот
Во Белград во тек е 36-от меѓународен саем за туризам на кој меѓу 54 држави e и Македонија

Организирана и богата програма на Македонија, која на саемот се преставува преку Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со општината Охрид и Хотелско туристичката асоцијација. Намерата е да се освојат уште туристи од Србија кои лани имаат остварено над 74.000 ноќевања.
„За минатата година бележиме раст по број на туристи од Србија за 11%. Со оглед на интересот кој го има од тур операторите и српските ѓраѓани, можеме да очекуваме во наредните години зголемување на тој процент и можеби избивање на прво место по бројот на туристи во Македонија, вели Кристијан Џамбазовски“, Директор на Агенција за поромоција и поддшрка на туризмот.
Прес конференцијата која ја водеше познатиот актер, нашинецот Иван Бекјарев, привлече голем број новинари, тур оператори и гости.
„Добродојдовте. Јас си 'лафам' по гевгелиски, а слабо си зборам по македонски, па ќе продолжам српски“, рече Бекјарев.
Туристичките потенцијали беа преставени од амбасадорката Вера Јовановска Типко и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а Туристичката организација на Србија, ја покани Македонија на заедничка промоција за привлекување на туристи од трети далечни земји.
„Што сакате поубаво. Македонија да ни се приклучи на овие културни рути и да го престави своето културното наследство, кое може да биде интересно и за туристите од далечните земји“, изјави Гордана Пламенац од Туристичка организација на Србија.
На македонскиот штанд дојде и принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Доби покана да ги посети нашите културно-историски споменици.
Над 1.000 излагачи од 54 држави низ светот, меѓу кои и Македонија, се претставија на 36-от меѓународен саем на туризмот.
Оливер Бранковиќ
