Македонски лекари ќе се обучуваат во Штутгарт

28.02.2014 21:51

Денеска беше потпишан Меморандум за соработка од страна на претседателот на Владата Никола Груевски и раководителот на градската Државна клиника во Штутгарт, Јурген Крафт.

Македонски лекари ќе се усовршуваат во Клиниката во Штутгарт, а лекари од оваа германска клиника ќе доаѓаат во Македонија и ќе ги пренесуваат своите искуства. За оваа намена денеска беше потпишан Меморандум за соработка од страна на претседателот на Владата Никола Груевски и раководителот на градската Државна клиника во Штутгарт, Јурген Крафт.
 
„Ја посетивме главната Градска државна клиника, која е многу напредна во повеќе области и со која потпишавме Меморандум за соработка. Наши лекари во Штутгард ќе се обучуваат за нови, понапредни методи коишто сеуште ги нема во нашата држава и нивни лекари ќе доаѓаат во Македонија исто така на поголем број наши лекари и медицински персонал да им ги покажат најновите вештини“, изјави Груевски, по потпишувањето на документот.
 
Оваа практика Владата ја воведе пред околу две години кога почна програмата преку која годишно 500 лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе одат на обуки во понапредни болници и клиники во странство, главно во Америка, Германија, Франција, Турција, Англија и други држави.