Царина со нов комјутеризиран транзитен систем
Од денска Царината ќе го применува новиот транзитен компјутеризиран систем. Наместо на граница формалностите ќе бидат електронски завршени, со што се олеснува размената на стоки на сите гранични премини. Се штеди хартија и време, се добива на прегледност и транспарентност.
Од денска Царината ќе го применува новиот транзитен компјутеризиран систем. Наместо на граница формалностите ќе бидат електронски завршени, со што се олеснува размената на стоки на сите гранични премини. Се штеди хартија и време, се добива на прегледност и транспарентност.
Со елетронска порака преку интернет страницата на Царинска управа транзитната декларација ќе се испрати на кое било место во државата. Размената на стоките станува поптранспарентна, се штеди хартија и време. Од денеска стартува системот на национално ниво, а следна фаза е поврзување со системите на Европската Унија, без да се оптоваруваат граничните премини.
,,Ќе придонесе за олеснување, забрзување, поефтинување на трговската размена, зголемување на конкурентноста на економските оператори и зголемување на користењето на транзитните коридори на Република Македонија -Наташа Радеска-Крстевска –директорка на Царинската Управа
Преку директна видео врска во рапортот на цариниците на Богородица и Табановце слушнавме како практично функционира. Наместо просечните 50-70 процесуирани транзитни декларации до 7 часот утрото биле повеќе од стотина.
Од делегацијата на ЕУ задоволни што го финасисрале проектот од 3 милиони евра и го сметаат за приближување на Македонија до Евроинтергацијата.
Добивате еден современ систем со кој се зголемува безбедноста, царинските постапки се транспарентни ,ќе го скусат времето за поситните операции, ќе овозможат побрзо и поефтинио движење на стоките и секако ќе има помалку изнервирани и налутени клиенти кои што чекаат и по 10 часа на граничните премини - Роберт Лидл- министер советник-Делегација на ЕУ
Проектот се подготвувал од 2011 година. Примената на овој систем најмалку една година е еден од условите за влез во Европската унија
Соња Стојановска
Снимател Александар Мижимаков
Монтажа Александар Јованов
