91 штипско семејство доби шанса за подобар живот

01.03.2014 13:17

Во Штип денеска беа доделени клучевите од становите на лицата на кои им беа распределени социјални станови по пат на јавна електронска распределба

Со години плаќале кирија и живееле во недостојни услови, бидејќи немале финансии за да обезбедат подобар живот. Ова било секојдневние за 91 штипско семество. Денеска добија нов дом и шанса за подобар живот. Станбената зграда во Стењак  е нивната нова адреса.

Владата ќе продолжи да гради станови и да го подобрува животниот стандард на социјално ранливите категории. Ќе се градат низ целата држава, најави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Поради жалбената постапка, процедурата за доделување на становите беше одложена, до нивното завршување пред Управниот суд.

 

Викторија Тодоровска