Санација на фасади на Илинденска
Со финансиска поддршка на Министерството за култура, започнаа конзерваторско-реставрациски интервенции на објектите со број 41 и 63, на Булеварот “Илинден”. Ова се објекти изградени во периодот меѓу двете светски војни , кои заради своето впечатливо архитектонско решение имаат третман на заштитено културно наследство.

Санацијата на овие значајни објекти се реализира во рамки на повеќе годишниот проект на Министерството за култура со кој до 2017 година е предвидена интервенција на околу 250 фасади од значајни споменични целини. Во рамки на овој проект веќе е завршена и фасадата на Пионерскиот Дом- Карпош, на објект во Старата Скопска чаршија, како и фасадите на староградските куќи во Охрид, Гевгелија, Крушево, Кичево и Кратово.