Обичаи за Прочка во Струга
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Ова се зборовите кој најчесто се слушаат на овој празник, раскажуваат стружани. Во Струга се амка со варено јајце на овој ден...
Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување меѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Празникот е еден заеднички, но во разни региони се празнува со посебни специфики. Како е во струшко, ке ни објасни Јованчо Наумоски.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Ова се зборовите кој најчесто се слушаат на овој празник, раскажуваат стружани. Во Струга се амка со варено јајце на овој ден.
-Во Струга домаќинот вари бело јајце кое потоа се врзува на сукало со конец и се амка на сите присутни во тоа семејство. Се верува кој ќе го лапне јајцето ќе има најмногу среќа. Потоа секој од секого бара прочка и да му се простат сите гревови кои ги направил во текот на целата година, раскажува дедо Аспарух.
Оваа недела која што измина сега се потсетивме на страшниот суд и со тоа влегуваме во богослужбениот дел каде се споменува евангелието за простувањето.
-Овој ден е еден голем духовен момент каде секој човек на крајот од богослужбата се простува еден од друг, барајќи прочка за сите гревови сторени кон луѓето, кон бога а оддтука е почетокот на еден духовен подвиг со чисто и слободно срце и нормално сето тоа почнува преку покајание искрено и вистинско, и започнува преку света тајна исповед и тука постот ја добива сета своја сила, вели отец Васко од Струга.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
