Почна Струмичкиот карневал

01.03.2014 16:49

Струмица го продолжува карневалското славеје. Синоќа се одржа традиционалниот маскенбал на кој се избираат принцот и пинцезата кои вечер во 17 часот ќе ја предводат главната карневалска поворка. Еве како беше синоќа во карневалска Струмица.

Ако е бал, нека е маскенбал. Во Струмица ги има и двете. Синоќа, струмичките карневалџии на традиционалниот бал под маски ги избраа принцот и принцезата кои вечерва ќе ја предводат главната карневалска поворка. Кралството на пеперутките ќе го отвори Струмичкиот карневал 2014 година.

Аладин и волшебната ламба, октоподи, ренесансни маски и уште многу други. Струмичани повторно ја покажаа креативност и оригиналност.

Самурај и гејша, карневалскиот избор на градоначалникот на Струмица Заев и неговата понежна половина. Чесноста и истрајноста и борбеноста била симболот на нивниот костум.

Чесноста, истрајноста и борбеноста биле и идејата на маската на првите луѓе од ВМРО ДПМНЕ во Струмица. Кралството на птиците и фенискот како симбол на велноста.

Вечер е главното карневалско дефиле на кое ќе излезат над 3.000 учесници кои освен од Македонија, доаѓаат и од Бугарија, Србија, Турција, Албанија, Црна Гора и Хрватска.