Иванов избран за кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

01.03.2014 16:11

Актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, уште еднаш ќе ја трча претседателската изборна трка.

Актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов  повторно е избран за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за престојните претседателски избори. Ја доби поддршката од 1099 делегати од вкупно 1236 кои присуствуваа на денешната конвенција на владеачката партија. ,,Нема да прифатам промена на уставното име - тука сум за да им служам на граѓанитe,, порача Иванов. Во неговиот фокус ќе бидат и економскиот просперитет, поддршка на евроинтегративниот процес, регионалната соработка. Заштитата на македонскиот културен идентитет останува приоритет.

Да покажеме на светот дека постои една земја што се вика Македонија. Дека во таа земја Македонија има луѓе кои се горди на своите предци и кои прават се да им обезбедат услови за своите потомци.Она што е направено досега , мора да продолжи .да им обезбеди на нашите идни поколенија достоен живот, кој доликува на генерации кои живеат во 21-от век. Затоа обединети и силни да продолжиме по аманетите на нашите предци , затоа што сега имаме држава .Многу работи сме ги пропуштиле во моменти кога не сме имале своја држава . Државата се чува ако ја сакаме рече Ѓорге Иванов-актуелен претседател на РМ и кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ .

Претседателот на државата треба да биде обединувачки фактор, рече во обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и се повика на слоганот -  Нашиот избор е Македонија.  

 Ни треба човек кој по изборот ќе биде обединувачки фактор во земјата и ќе се грижи за интересите на граѓаните без разлика на нивната религија, верска припадност, социјален статус, партиска определеност или образование и достоинствено ќе ја преставува Македонија. Само така ќе биде корисен за државата. Стабилна личност која ќе знае да повлече луди чекори од државен и национален интерес, кој знае да издржи неправди и критики и да остане со здрав разум при носењето на одлуките,кои се значајни, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола груевски.

Противкандидати на Иванов му беа универзитетскиот професор Јове Кекеновски кој освои 124 гласови, адвокатот и поранешен јавен обвинител, Ставре Џиков кој доби десет и магистерот на науки, Божидар Ночев кој доби еден глас.

 

Наташа Гркова-Петрушевска