Овоштарите во Ресен задоволни

01.03.2014 18:21

Конечно се решава деценискиот проблем со откупот и пласманот на јаболката во Преспанскиот регион. Во Ресен, компанијата „Аpple land“ од дубаи започна со изградба на најсовремениот откупно дистрибутивен центар за јаболка во регионов. Производителите на јаболка очекуваат дека покрај обезбедениот откуп конечно ќе ја постигнат и цената која ја заслужуваат за својот производ.

Конечно се решава деценискиот проблем со откупот и пласманот на јаболката во Преспанскиот регион. Во Ресен, компанијата „Аpple land“ од дубаи започна со изградба на најсовремениот откупно дистрибутивен центар за јаболка во регионов. Производителите на јаболка очекуваат дека покрај обезбедениот откуп конечно ќе ја постигнат и цената која ја заслужуваат за својот производ.

„Маркетингот кој ќе се направи за нашето јаболко преку овој откупно дистрибутивен центар же претставува голема придобивка за сите производители од општина Ресен. Ние знаеме дека во сите европски држави каде има вакви ладилници каболката се продаваат за 50 центи, а ние сега ги продаваме за 15 центи, што значи дека со овој ладилник очекуваме и повисока цена за нашите јаболка“, вели Менде Иваноски, Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

„Со зиградбата на овој ладилник очекуваме да постигнеме поголемо производство, но и поголема цена да добиеме за нашите јаболка“, рече  Бојан Костоски, производител на јаболка.

Земјоделците велат дека ова е историска инвестиција за овој крај, сега требало само повеќе реклама за преспанските јаболка.

„ќе се професионализираме уште повеќе, ќе ги одгледуваме оние сорти кои ги бараат странските пазари и се надевам ддека во иднина ќе станеме вистински професионалци за производтсво на јаболката“, истакна Кире Андоноски, производител на јаболка.

Јаболката во Ресен се произведуваат на површина од околу 4.000 хектари. Годишно тука се произведуваат 103.000 тони или 67% од вкупното птоизводство на јаболка во Македонија. Во овој ладилник сега тие ќе можат да се чуваат и да чекаат на погоден момент кога цената ќе биде добра, нешто што досега беше невозможно.

„Со оваа инвестиција јаболката тука ќе можат да се чуваат и до 10 месеци, притоа задржувајќи го истиот квалитет како да се свежо набрани, без тоа да влијае брз нивната класа“, рече Љупчо Димоски, Министер за земјоделство.

Оваа инвестиција била показател дека бизнис климата во Македонија е значајно подобрена.

„Изградбата на откупно диструбутивниот центар ќе овозможи отворање на нови работни места, пласман на Преспанското јаболко на пазарите на Блискиот Исток но и истовремено и промоција на македонското земјоделство и Македонија воопшто“, истакна Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-развојни индустриски зони.

Комплексот ќе започне со работа во септември кога ќе започне и откупот на првите количини на јаболка од Ресенскиот регион. 

Дарко Штаргоски