Групна крштевка во лешочкиот манастир

02.03.2014 12:35

Митрополитот на тетовско - гостиварската епархија г. Јосиф во манастирската црква Свети Атанасиј во Лешок изврши групна кршевка на 7 деца. Потоа во манастирската црква Свети Наум Охридски на Попова Шапка групно се венчаа 7 парови.

Марија, Мартин, Викторија, Даниела, Теодор, Елена и Марија. Ова се 7-те деца кои со групниот чин на крштевање станаа дел од православната црква.

Крштевањето го изврши миторполитот тетовско – гостиварски г. Јосиф во манастирската црква Свати Атанасиј во Лешок.

За него групните крштевки се мисионерско дело за во црквата да бидат примени и оние кои не можеле да ги подмират трошоците за овој чин.

„Благословив во оваа епархија каде што ќе има дечиња немоќни да ги подмират трошоците за крштевката, да имаме групни крштевки. Сепак тоа е важен чин, чин кој претставува влез во православната црква“, изјави г.  Јосиф – Митрополит тетовско – гостиварски.

Заеднички кум на сите седум деца е Марјанчо Митевски. За него ова е голема чест и одговорност.

„Не е само работата да се биде кум туку одговорност пред се,  кумот е во својство управител на понатамшниот живот и патот на децава така што е голема одговорност, но и чест и радост“, рече кумот Марјанчо Митевски.

По групната крштевка во Лешочкиот манастир митрополитит г. Јосиф во манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка изврши групна венчавка на 7 парови.

Зоран Јованоски

Снимател: Даниел Евросимоски