За Иванов собрани 20.000 потписи само неколку часа од објавувањето на кандидатурата

02.03.2014 14:31

До 21 часот и 30 минути синоќа се собрани 20.000 потписи од граѓани за поддршка на кандидатурата на Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија.

- За нешто повеќе од два часа, над 20.000 граѓани веќе се потпишаа на кандидатурата на  Ѓорге Иванов во подрачните единици на Државната изборна комисија. Соопшти-Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и затоа, како што нагласи, високо ја цени и почитува поддршката од граѓаните за кандидатот Ѓорге Иванов.

- Ова е само еден, но најзначаен чекор во постапката за избор на кандидат за претседател на Република Македонија со кој ВМРО-ДПМНЕ покажа дека практикува отворена, демократска и транспарентна постапка. Поддршката која граѓаните директно и непосредно ја даваат на кандидатот Ѓорге Иванов говори дека тој навистина ужива огромна почит од многу граѓани на Република Македонија. Нам ни значи оваа масовна поддршка од граѓаните. Нам ни значи поддршката од секој граѓанин, истакна Димовски.