Тројца професори и еден педагог во претседателската трка
На полноќ истекува рокот за собирање на 10000 потписи за претседсателските номинации . По конвенцијата на ВМРО - ДПМНЕ за неколку часа над 20000 граѓани дадоа подршка за Иванов. Кандидатурата, можеше да се официјализира и со 30 пратенички потписи но нам како што изјави Димовски ни е исклучително важна поддршката од граѓаните.

Стево Пендаровски во претседателската трка ќе влезе со подршка од 30 пратеници. Можност за собирање ќе нема поради тајмингот на конгресот што ќе се одржи на 4 март .
За разлика од ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ каде што постојат две варијанти за номинација на кандидатите.ДПА и ГРОМ немаа избор. Партијата на Јакимовски за кандидатурата на Зоран Поповски експресно ги собра потписите .И на ДПА за кандидатурата на Илјаз Халими и беше доволен еден ден.
Потребните 10000 илјади потписи проблем за Стојанчо Ангелов и Билјана Ванквовска . Се откажаа на неколку часа пред истекот на рокот .
ДУИ на митинзите ќе оди со консензуалниот концепт ,но без кандидат
На овие четврти по ред претседателски избори гласовите од граѓаните ќе ги бараат 4 кандидати .Тројца универзитетски професори Ивановски, Пендаровски и Поповски и Педагогот Илјаз Халими . Споредено со претходните кога имаше 7 кандидати бројот овојпат речиси преполовен .Тогаш политичкиот блок на етничките албанци имаше тројца кандидати, а сега само ДПА се одлучи да влезе во претседателската трка .