Ограбена црквата во охридско Климештани
03.03.2014 11:58
Засега непознат сторител извршил грабеж во црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани, при што според член на црковниот одбор украл седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.

Засега непознат сторител извршил грабеж во црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани, при што според член на црковниот одбор украл седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.
Според полицискотоо соопштение, кражбата била извршена во периодот меѓу 28. февруари и 2. март. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани сторителот влегол откако претходно насилно и со подесен алат ги скршил двата цилиндри од бравите на влезната и вратата на помошна просторија. Сторителот потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории.
Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна одаја, а парите од просторијата за продажба на свеќи по што избегал.
За извршената тешка кражба СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.
